Ноле кога имал 14 години имал понуда да земе британско државјанство и да настапува за нивната земја, но вели дека одбил бидејќи е горд Србин и покрај финансиските проблеми со кои се соочувале неговите родители

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ изрази уверување дека ќе ги сруши рекордите на легендата Роџер Федерер за најмногу Гренд слем титули и најмногу недели на врвот на светската ранг-листа.

Српскиот тенисер моментално има 17 трофеи од „големите четири“, како и 282 недели како број 1 во светот, додека Федерер триумфираше 20 пати на Гренд-слем турнирите и помина вкупно 310 недели на врвот.

– Јас секогаш сум сигурен. Верувам дека можам да бидам тенисер со најмногу слем титули и да го подобрам рекордот за останување на прво место. Ова се моите јасни цели, рече Ѓоковиќ.

Тој додаде дека може да игра професионално до 40-годишна возраст.

– Не верувам во граници. Мислам дека границите се илузии на нашето его или на нашиот ум, додаде Србинот во интервју за Греам Бенсинџер од „In Depth“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.