Се повеќе во тениските кругови се зборува за продолжување на сезоната која се очекува кон средината на август. АТП започна да планира како ќе го реши прашањето со ранг листата.

Двата гренд слемови УС Опен и Ролан Гарос оваа година ќе се одржат еден по друг, а Џон Мекенро не е сигурен дали на двата турнири би можел да учествува Рафаел Надал.

Јас верувам дека врвните играчи ќе играат на двата големи турнири, УС Опен и Ролан Гарос. Тие долго ја чекаат шансата да играат и верувам дека ќе излезат на терен и дека ќе се натпреваруваат како меѓусебно така и со помладите играчи. Имаме два големи турнири кои на играчите им се многу важни и секако, се надеваме дека Новак ќе оздрави и ќе одбере да игра на УС Опен. Верувам дека ќе сака, додека за Надал не сум сигурен, вели Мекенро.

Образложувајќи го своето мислење Мекенро вели дека Надал е добар на земја и дека мора да бидеш свесен дека таму е тешко да биде победен и дека на таква подлога не гуви секој ден.

Ќе биде интересно да се види каква одлука ќе донесат европските тенисери по повод пристигнувањето во Њујорк, се нешто може да се случи во следните два месеци. Мислам дека е возможно да се игра и на УС Опен и Ролан Гарос иако тоа делува толку тешко. Очекувам тенисертите да дојдат, но нема да бидам изненаден доколку одлучат да не играат, заклучува Мекенро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.