И по една седмица АТП врвот не претрпе промени, затоа што Новак Ѓоковиќ со победата во Дубаи останува на чело на оваа листа и ја зголеми предноста во однос на големиот ривал Рафаел Надал, кој овој викенд славеше на турнирот во Акапулко.

Ноле сега има 10.220 бода, додека шпанскиот ас заостанува со 9.850, што значи дека предноста на Србинот се зголеми за 45 бода во однос на минатата седмица.

Но, промени имаше и на третата позиција, откако Доминик Тием го симна големиот Роџер Федерер, кој поради повреда најави подолга пауза.

Меѓу најдобрите десет место имаше уште за Медведев, Циципас, Зверев, Бератини, додека на деветото место скока Гаел Монфилс. Најдобрата десетка ја затвора белгискиот ветеран Давид Гофин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.