Еден од најдобрите тенисери, Србинот Новак Ѓоковиќ избори финале на турнирот во Мадрид, откако денеска славеше со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6 против Доминик Тим.

Подобар старт во мечот имаше Тим, кој направи брејк во третиот гем за водство од 2-1, но Ѓоковиќ веднаш врати и израмни на 3-3. Голема борба се водеше до самиот тај-брејк, кадешто Србинот беше подобар со 7-2.

Во вториот сет повторно се водеше голема борба, а двата тенисери направија по два брејка, па победникот се решаваше во тај-брејк, кадешто Србинот беше подобар со 7-4.

Ѓоковиќ во финале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Циципас и Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.