Најдобриот светски тенисер и бранител на титулата на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ побара од организаторите на првиот годинашен гренслем да обезбедат еднакви услови за сите учесници на турнирот, што треба да стартува на почетокот на идниот месец.

Српскиот тенисер со писмо до директорот на Австралија Опен, Крег Тајли, предложи скратување на бројот на денови во карантин за 47 ученици на турнирот, преку поголем број тестови што ќе потврдат дека не се заразени, поставување опрема за кондициски тренинг во хотелските соби,
дозвола играчите да посетуваат тениски или тренер за фитнес, доколку имаат негативен тест, како и трансфер на играчи во приватни куќи, опремени со тениски терени.
Ѓоковиќ со својот стручен тим во моментов се наоѓа во карантин во Аделаида.

Вкупно 47 тенисери и тенисерки, кои со чартер-летови пристигнаа во Мелбурн за настап на Австралија Опен, со одлука на организаторите, се ставени во строг двонеделен карантин без услови за тренинг, откако беа откриени неколку случаи на зараза со Ковид-19 меѓу патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.