Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ прокоментира една од најжешките теми од последните денови – системот, кој организаторите на „Вимблдон“ го користат при поставувањето на играчите во шемата.

Денес официјално беше објавено дека Роџер Федерер е ставен под бр.2 (што значи дека може да се сретне Ѓоковиќ само во финалето), а Надал е бр.3, иако во светската АТП листа, Шпанецот е втор, а Швајцарецот – трет.

Надал веќе изрази незадоволство од одлуката на организаторите на Гренд-слем турнирот, а Ѓоковиќ призна дека е малку изненаден. Во исто време Србинот го посочи Роџер Федерер како „најголемиот играч на сите времиња“.

Ова се нивните правила и мора да ги почитуваме, иако е малку изненадувачки, искрено, рече Ѓоковиќ.

Роџер е најголемиот играч на сите времиња и освои повеќе титули на „Вимблдон“ од било кој во историјата, па ако некој го заслужи тоа, тоа е тој. Но, во исто време тој се префрла од трето на второ место, додава Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.