Светскиот тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека не само што е голем тенисер, туку и човек со големо срце.

Популарниот Ноле преку видео порака донесе љубов и насмевки кај Петар Мијалков, дете со аутизам од Македонија.

Здраво Петре, Пецо, како си? Ти испраќам голем поздрав, еден голем бакнеж и прегратка од Белград. Се надевам дека исто така наскоро ќе се видиме во живо и се запознаеме. Те сакам многу и многу те гушкам. Чувај се, вели Ѓоковиќ во својата видео порака.

Таткото на Петар, Зоран Мијалков, кој воедно е основач на здружение за помош на децата со аутизам во Македонија, испрати голема благодарност за Ноле кој не само што е најдобриот тенисер, туку пред сѐ човек со голема душа и срце.

Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш, напиша таткото на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.