Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ одлучи на тренингот пред полуфиналето на „Ролан Гарос“ со Рафаел Надал да облече дрес на Никола Јокиќ, кој беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел на НБА лигата сезонава.

Ѓоковиќ ја искористи приликата да му честита на Јокиќ за МВП наградата преку видео објавено на социјалните мрежи.

МВП! МВП! Ова е за мојот пријател Никола Јокиќ, „џокерот“. Ти честитам за МВП наградата, и тоа како заслужено. Ти испраќам голем поздрав од Париз, од Ролан Гарос! Те носам со себе на тренинг и се надевам дека ќе ти донесам среќа во плеј-офот. Сè најдобро, мој пријателе – беа зборовите на Ноле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.