Трката во Формула 1 на Нирбургринг следниот месец ќе може да ја посетат 20.000 навивачи, соопштија денеска организаторите.

„Ајфеловото Гран При“ ќе се одржи на 11 октомври.

Трибините ќе бидат поделени во одделни делови, билетите ќе се купуваат исклучиво безконтактно, а маските за лице ќе бидат задолжителни низ целата локација.

Оваа трка ќе биде прва на Нирбургринг од 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.