Аргентиснскиот тенисер Марко Трунгелети веќе четири години ги известува надлежните органи за местење натпревари и се јавува како сведок на судења. Во моментов е на 131 место на АТП, а давал информации за местење на фјучерси, поради што е во немилост и на колегите и на тренерите.

Ме навредуваат сите по ред. Никој не сака да се поздрави со мене, па ни во очи да ме погледне, дури и тие што мислев дека ми се пријатели, вели Трунгелети.

Аргентинецот објаснува дека сите тренери се вклучени во нечесни работи, што и не зачудува, зашто може да се заработи и 100.000 дочари за еден час.

Сепак, најмногу го боли што иако работел во служба на правдата, не добил никаква заштита/

Ме искористија и ме фрлија на ајкулуите. Скапа цена плаќам, но не сакам да се откажам, зашто се повеќе натпревари се местат во тенисот, вели Трунгелети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.