Иновативна, но многу ризична операција може да го врати Михаел Шумахер во нормала. Надежта ја даде познатиот француски доктор д-р Филип Менаше, според кој легендарниот пилот во Формула 1 може да се врати на нозе. Седумкратниот шампион е во кревет 6,5 години по инцидентот при скијање. Германецот долго време беше во кома и претрпе неколку операции на мозокот.

Оттогаш, тој се нема појавено во јавноста и се опоравува во неговиот дом во Швајцарија. Тој е свесен за работите што се случуваат околу него, но не е во состојба да се движи. Сепак, иновативниот третман може да го промени тоа.

Според некои извори, операцијата ќе се изврши во париската болница „Жорж Помпиду“, но точниот датум сè уште не е јасен.

Можеме целосно да го опоравиме неговиот нервен систем. Ќе земеме крвни садови од неговото срце и ќе ги всадиме во неговиот мозок. Операцијата е многу ризична и никој не може да даде целосна гаранција за нејзиниот успех, објасни д-р Менаше, водечки кардиолог и експерт за матични клетки.

Токму тој се справи со процедурите за трансплантација на матични клетки, на која Шумахер се подложи минатото лето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.