Франција нема да се приклучи на дипломатскиот бојкот на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг, изјави денеска францускиот министер за образование и спорт Жан-Мишел Бланкер.

Запрашан за бојкотот што го најавија Соединетите држави, Австралија, Велика Британија и Канада, Бланкер изјави дека Франција нема да го стори тоа.

Треба да бидеме внимателни за врската помеѓу спортот и политиката, рече Бланкер за време на интервјуто дадено за радио РМЦ и за БФМ телевизија.

Францускиот министер вели дека спортот е одвоен свет и треба да се заштити од политичко мешање.

Тој рече дека Франција ќе продолжи да го осудува кршењето на човековите права во Кина.

Во Кина на Олимписките игри француската влада ќе ја претставува помошник министерка за спорт Роксана Марасинеану.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.