Трката од шампионатот во Формула 1, за Големата награда на Турција во сезоната 2020 година ќе се одржи без гледачи, пренесува Ројтерс.

Во услови на влошена состојба со бројот на случаи со коронавирус, турската влада препорача организаторите да ја одржат трката без гледачи за да не ги изложуваат на ризик.

Претходно, организаторите на турското Гран при планираа да сместат до 100.000 луѓе на трибините.

Во првите часови по отворањето на продажбата беа продадени 40.000 билети.

И голем број македонските туристички агенции во своите понуди имаа аранжмани кои вклучуваа и присуство на трката.

Големата награда на Турција ќе се одржи на патеката „Истанбул парк“ на 15 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.