Извршниот директор на тркачката серија, Стефано Доменикали, најави дека една од спринт трките во 2021 година ќе се одржи на патеката во Силверстоун пред трката за Големата награда на Велика Британија.

– Ги финализираме сите суптилностите. Секако, не сакаме да го одземеме престижот од самото Гран при кој ќе остане кулминација на викендот. Нема да има свечености на подиумот, ќе се почека до недела. Но, бодовите ќе бидат доделени, за колку останува да се одлучи. Спринтовите ќе обезбедат значајна акција ден пред трката и ќе им дадат на фановите, медиумите и радиодифузерите повеќе содржина. Можам да кажам дека Силверстоун ќе има спринтерска трка, изјави Доменикали за „Дејли мејл“.

Според извештаите на британските медиуми, експеримент со нов формат на кратки трки оваа сезона може да се одржи на Големата награда на Канада, Италија и Бразил. Возења по 30 минути се закажани во сабота. Квалификациите за нив ќе се одржат во петок, а самиот спринт ќе го одреди почетниот редослед на трките во недела.

Точните детали за новиот формат на трки се очекува да бидат разгледани в четврток на состанокот во Бахреин, каде претсезонските тестови ќе се одржат од 12-14 март.

Големата награда на Велика Британија ќе се одржи од 16-18 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.