Серхио Перез ја искористи својата стартна позиција и дојде до победа на втората сезонска трка во Формула 1. Мексиканецот „леташе“ на патеката во Џеда со својот Ред Бул, па дојде до својата петта победа во кариерата.

Нова неверојатна трка имаше Макс Верстапен кој по катастрофата во квалификациите тргна од 15. место. Сепак, Холанѓанецот покажа зошто е шампион, бргу се проби низ поредокот и се позиционира зад водечките. Откако имаше и мала доза на среќа, Верстапен дојде на крајот до второто место зад тимскиот колега.

Главен предизвикувач на оваа трка му беше Фернандо Алонсо, меѓутоа само на старот. Шпанскиот возач со својот Астон Мартин успеа рано да го престигне Перез, а потоа темпото му беше пониско и не беше закана.

Зад водечката четворка финишира Луис Хамилтон, а по него следеше дуото на Ферари, Саинц-Леклер. „Црвените“ одново имаа проблеми, не ги посака среќата, но немаа ниту темпо за висок пласман. Во топ десет заврши и двоецот од Алпин, Окон и Гасли, пред Магнусен.

Нов катастрофален викенд имаше Мекларен кој е разочарување на сезоната, бидејќи Норис и Пиастри завршија при дното. Следната трка на календарот е на „Мелбурн Парк“ на втори април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.