Француската тенисерка Фиона Феро го освои првиот турнир кој по петмесечна пауза предизвикана од пандемијата, се одржа во Палермо, Италија.

Таа вечерва во финалето ја совлада Анет Контавеит од од Естонија со 2-0, по сетови 6:2 и 7:5.

Финалето во Палермо траеше еден час и 45 минути.

Французинката, која во моментов е на 53. место на светската ранг-листа, ја освои втората ВТА титула во нејзината кариера и од утре ќе влезе во првите 50, станувајќи 44-ти рекет во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.