Филипинката Хидилин Дијаз освои историски златен медал за својата држава во кревање тегови на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио. Ова е прв златен олимписки медал за Филипините по пауза од дури 97 години.

Дијаз го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 55 килограми и тоа со подигнати 224 килограми, што претставува нов олимписки рекорд.

Нејзините сонародници се воодушевени од успехот на Дијаз која за својот успех ќе биде богато наградена. Како награда за златниот медал освоен на Игрите во Токио, Хидилин Дијаз ќе добие 33 милиони пезоси, или околу 550.000 евра.

Исто така Дијаз од компанијата за недвижнини „Мегаворлд“ која е во сопственост на милионерот Ендрју Тан, ќе добие стан во Иствуд сити, луксузна населба во градот Квезон сити.

Олимписката шампионка ќе биде наградена со уште еден стан и тоа во главниот град, Манила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.