Филипинката Хидилин Дијаз го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 55 килограми на Олимписките игри во Токио и со тоа на својата земја и го донесе првото олимписко злато во историјата.

Филипинските спортисти до Олимпијадата во Токио имаа освоено вкупно 10 медали, но ниту еден златен.

Во својот четврти и најверојатно последен настап на Олимписките игри, 30-годишната Дијаз крена вкупно 224 килограми и го освои златниот медал со нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал го освои Лиао Квијун од Кина (223), додека бронзениот медал и припадна на Зулфија Чинсханло од Казахстан (213).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.