Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека со одлуката за олабавување на мерките, се дозволуваат тренинзи во иднивидуалните спортови, додека пак во колективните тоа ќе се случи следната недела.

Со ова дефинитивно се става крај на сите шекулации кога ќе се стави крај на спортскиот мораториум во земјава и ќе се продолжи да се функционира на ова поле.

Дефининитивно се враќаат сите на тренинг, со посебни препоаки нормално сега за сега, но конечно може да се вратат спортистите на своите активности.

Тренинзите на отворено се дозволуваат веднаш додека пак оние на затворено ќе бидат достапни за две недели.

Тоа значи дека во најава ќе бидат рестартирани речиси сите државни шампионати, почнувајќи од фудбалот, кој теоретски би можел да стартува за дваесетина дена од стартот на тренинг процесот.

Сега останува само поединечно федерациите да одлучат дали, кога и на кој начин ќе се рестартитаар државните шампионати и ќе се продолжи да се функционира под одредени околности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.