Возачот на Ферари, Себастијан Фетел рече дека не му е криво за времето поминато во цревниот болид. Германецот дојде во Ферари во 2015 година, а по крајот на сезоната 2020 ќе го напушти тимот.

– Не жалам за моето време во Ферари. Мислам дека во некои моменти можеби не ја добив поддршката што ја побарав, но во целина секогаш имаше луѓе околу мене кои беа подготвени да помогнат и на патеката и во базата, изјави Фетел за „Билд“.

Оваа година, за жал, се спуштивме до екипите од средишниот дел во поредокот. Се бориме со Мекларен и Рено, но во секој случај се чувствувам конкурентно. Сакам да направам вистински избор. Можеби за две недели или подоцна ќе ви кажам за мојата одлука. Јас не брзам, додаде германскиот пилот во Формула 1.

Фетел по првите четири трки во тековната сезона е без ниту еден подиум и далеку зад најдобрите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.