Макс Ферстапен е победник на трката за големата награда на Бразил, по едно чудо возбудувања и инциденти. Од нив профитира и Пјер Гасли од Торо Росо, остварувајќи го најдобриот пласман во кариерата со второто место на подиумот, а Луис Хамилтон од Мерцедес заврши трет.

Почетокот најави жестока трка помеѓу Ферстапен, Хамилтон и Ветел. На средината на трката, започна и борбата за претекнување помеѓу Леклер и Фетел, а потоа во истата желба им се придружи и Ботас, но немаше среќа во престигнувањето со Леклер, а недостижен му беше и Албон.

Поради жолтото знаме поставено на патеката и кое знак дека возчаите мора да забават, забележано беше дека Хамилтон не ја намалил брзината. Ферстапен беше повикан веднаш во боксот, а Хамилтон го престигна и изби на првото место и негодуваше што пред него е безбедносното возило.

На 60от круг, Ферстапен успеа да го престигна Халмилтон, а опасно му се приближи Албон на третата позиција. При самиот крај на трката, Фетел и Леклер меѓу себе имаа дуел, се судрија гума со гума и двајцата отпаднаа од трката.

Последната трка за годинава ќе се вози во Абу Даби на 30 ноември квалификации и на 1 декември трката за големата награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.