Осумкратниот шампион на Вимблдон, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, со нов рутински меч обезбеди четвртфинале.

Тој го победи Матео Беретини кој наиде на расположен противник и одигра три разочарувачки сета (6-1, 6-2, 6-2).

Ветеранот за 75 минути го „збриша“ противникот и во сите сета направи по неколку брејка и немаше проблеми да стигне до следното коло.

Негов следен противник ќе биде поуспешниот од дуелот меѓу Кеи Нишикори и Микаил Кукушкин.

Претходно Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ги оправдаа очекувањата и без загубен сет стигнаа до четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.