Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи белгискиот ривал Давид Гофин во финалето на турнирот во Хале со 7:6 (7:2) и 6:1. За ветеранот ова беше јубилеен 10.трофеј на овој АТП турнир во Германија.

Мечот траеше 1 час и 25 минути. За Федерер воедно ова беше 102. титула во кариерата.

Наградниот фонд во Хле изнесуваше 2.081.830 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.