Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер го победи Стефанос Циципас од Грција попладнево во финалето на турнирот во Дубаи со 2-0. За Федерер ова беше јубилеен 100-ти трофеј од АТП турнирите и осми во Дубаи.

Двата сета Швајцарецот ги доби со по 6:4, а мечот траеше еден час и девет минути.

Наградниот фонд на престижниот турнир во Обединетите Арапски Емирати изнесуваше 2,7 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.