Третиот турнирски носител Роџер Федерер, рано утрово загуби со 3-2 од бугарскиот тенисер Григор Димитров во четвртфиналето на Грен слемот УС опен.

Во меч што траеше три часа и десет минути, Федерер двапати водеше, но на крајот мораше да му честита на упорниот противник. Резултатот по сетови: 6-3; 4-6; 6-3; 4-6 и 2-6.

Противник на Димитров во полуфиналето ќе биде Русинот Данил Медведев (5. носител) кој во првото четвртфинале го совлада Стан Вавринка со 3-1.

Награднито фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,2 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.