Роџер Федерер изјави дека планира да игра на Австралија опен во јануари откако двете операции на коленото го оставија настрана во поголемиот дел од 2020 година.

39-годишниот Федерер нема играно од 30 јануари, кога загуби од Новак Ѓоковиќ на турнирот во Мелбурн.

Јас сум на вистинскиот пат, рече тој за магазинот „Швајцер Илустриерт“ во неговата родна Швајцарија и додаде: Постепено се враќам, но ќе одвојам време и не сакам да вршам притисок врз себе. Ќе земам учество на турнирот само кога ќе бидам 100 процентен во формата.

Тој рече дека тренира да ја поврати неговата сила и издржливост, правејќи го тоа без да чувствува болка.

Федерер има 103 титули во кариерата, вклучително и 20 победи на Грен слем турнирите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.