Сензационално, ретко кој во тенискиот свет очекуваше ваков потег на најдобриот тенисер во светот. А тоа е дека Новак Ѓоковиќ ќе го именува Енди Мареј за свој нов тренер. Секако дека ова е добар потег на Србинот ако се знае дека шкотскиот тенисер во свое време беше еден од најдобрите во светот, но и поради тоа што важи за добар пријател со Новак, пренесе sport.sport.mk.
Мареј ќе му се приклучи на Новак во подготовките за првиот грен-слен турнир во 2025 година, се разбира дека тоа е „Австралија Опен“.
Ова Новак го објави на социјалните мрежи со поставено специјално виде од дел од мечевите меѓу него и Мареј.
„Возбуден што еден од моите најголеми ривали ќе го имам на истата страна од мрежата. Едвај чекам да започне новата сезона заедно со Енди“ ова беа дел од зборовите на Новак.
Инаку Енди Мареј се пензионираше минатото лето.
He never liked retirement anyway. 🙌 pic.twitter.com/Ga4UlV2kQW
— Novak Djokovic (@DjokerNole) November 23, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.