Американката Сидни Меклафлин победи во олимпиското финале на трката на 400 метри со пречки, со време 51.46, со што го собори сопствениот светски рекорд.

Нејзината сонародничка Далаја Мухамед дотрча до сребрениот медал со личен рекорд 51.58, што исто така е побрзо од претходниот светски рекорд на Меклафлин од 51.90.

Најдобро лично време постигна и освојувачката на бронзениот медал, Холанѓанка Фемке Бол, која сега е европски рекордер со 52.03.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.