Во македонското пливање никако да стивнат превирањата. Последниот скандал е случајот на младиот пливач на ПК Вардар 2018, Никола Ѓуретановиќ, кој од непознати причини е изоставен од списокот за спортисти за добивање на спортска стипендија од Агенцијата за млади и спорт. Имињата на потенцијалните добитници на финанска помош од државата ја составува матичната федерација, во овој случај Пливачката федерација на Македонија предводена од Александар Маленко.

Ѓуретановиќ е еден од најголемите македонски таленти, кој со само 13 години зад себе има огромни успеси и четири државни рекорди. На последното државно првенство бил прогласен за најдобар пливач во категоријата на постари пионери и во категоријата кадети. На истото првенство го соборил и државниот рекорд на 800 метри слободен стил.

На пливачкиот митинг организиран клубот „Орион“ пред три месеци, Ѓуретановиќ постави и нов државен рекорд и на 200 метри мешано.

извор: спорт1.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.