Австриецот Доминик Тием стана победник на Грен слемот УС Опен. Во финалето коешто траеше нешто повеќе од четири часа, ноќеска тој го надигра Германецот Александар Зверев со 3-2, по сетови 2:6, 4:6, 6:4, 6:3 и 7:6 (8:6).

За Тим ова е прва победа на Грен слем турнирите. Воедно тој е првиот Австриец кој триумфирал на турнирот во Њујорк.

Покрај тоа, претходно само еден австриски тенисер има освоено Грен слем – во 1995 година, Томас Мустер стана победник на Ролан Гарос.

Годинава наградниот фонд на УС Опен изнесуваше 53,4 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.