Новиот претседател на Македонскиот олмписки комитет (МОК), Даниел Димевски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека смета оти во спортот не смее да има политика, што сега е присутна како и во секоја општествена сфера во Македонија е присутна политиката.

Нам што сме во спортот јасно ни беше дека е веќе подолго време е акумулиран еден антагонизаз помеѓу МОК и повеќе претходни раководства во Агенцијата за млади и спорт. Јас не се сеќавам кога постоела некој синергија помеѓу овие две тела. Ова е хронична болест која го тиштеше нашиот организам. Гангренозното ткиво кое го мачи македонскиот спорт се недоволно јасните и прецизни процедури. Целата концентрирана моќ е во Агенцијата, во едно мало тело кое го води еден ист човек 20 години кој е во лоши персонално односи со раководствата од МОК. И нам ни се случи тие интерперсонални несогласувања да ни се преточат и да ја загрозуваат целата организација две декади – вели Димевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.