Извршниот директор на Ферари, Матија Биното поднесе оставка.

Во официјалното соопштение на италијанскиот тим во Формула 1 се истакнува дека Биното ќе престане да ги извршува своите обврски по 31 декември.

Името на новиот шеф на Скудерија Ферари ќе биде објавено на крајот на декември.

Ферари не успеа да го освои шампионскиот трофеј оваа година, иако пред почетокот на сезоната важеше за фаворит. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.