Македонија оди на Олимпијада во престолнината на Јапонија!

Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори за настап на Игрите во Токио и ја направи горда цела Македонија.

Во исклучително силна конкуренција во Софија, тој обезбеди олимписка норма и вистински ја израдува македонската јавност. Го победи олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Инаку, Георгиевски (+80 кг) е сениорски европски шампион во 2017 година и носител на сребрен медал од Европско првенство во 2020 година.

Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезбеди олимписка виза- пред него тоа го оствари борачот Могамедгаџи Нуров.

И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски упати честитки.

-МАКЕДОНИЈА ОДИ НА ОЛИМПИЈАДА 🥇🏆
БРАВО ДЕКИ БРАВО МАЈСТОРЕ 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Честитки за победата над олимпискиот шампион и освојувањето на норма за Токио.
Честитки до тренерите д-р Борче Костовски и Дарко Костовски за љубовта кон спортот и ова што го прават за МАКЕДОНИЈА.
Поздрав и честитки и до другите борци од Таеквондо клуб Бутел, ВИЕ СТЕ НОВАТА ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.