Јелена Ѓоковиќ истакна дека никогаш не ги воспитува децата со ќотек. Таа се труди на интересен и креативен начин да ги научи на нови работи. Но, особено изненадува фактот што Стефан и Тара не ги дуваат свеќичките на роденденските торти.

– Свеќата е симбол на несебична пожртвуваност, самата се пали за да им даде светлина и сјај на другите. Тој е симбол на животот и просветлувањето, отстранувајќи ги стравовите и темните мисли од нашиот ум и срце и се предаваме на светлината Божја. Како тогаш ја усвоивме традицијата да го славиме раѓањето на животот со дување на свеќата на тортата додека си замислуваме желба – објасни таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.