Дарко Костовски, тренерот на македонскит теквондист, Дејан Георгиевски, кој на Олимписките игри во Токио ќе се бори за златниот медал, ја честита победата на својот ученик и порача дека Македонија првпат во историјата ќе се бори за олимписко злато.

Господе волјата е твоја!

 

ДЕНЕСКА ТАЈФУН ВО ТОКИО, ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ОД МАКЕДОНИЈА ❗️❗️❗️

 

СТАНИ МАКЕДОНИЈО, ДИГНИ ГЛАВА ВИСОКО ❗️

 

МАКЕДОНИЈА ИМА ЛАВ, ЈУНАК, СПОРТСКА ИКОНА ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ !!!

 

За прв пат во независна Македонија одиме во финале на олимписки игри, во полуфинале го победивме Ин Кјо Дон од Кореа, од земјата лулка на овој олимписки спорт!

 

Во финале не чека актуелниот светски шампион во категорија -87кг(за да е на јавноста појасно на олимписки игри во таеквондо се фузираат две категории -87 и +87 значи дупла конкуренција) светски шампион Владислав Ларин од Русија, македонско време 14:30 часот!

 

За сега го имаме најголемиот спортдки резултат во независна Македонија, но тука дојдовме по злато ! – напиша Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.