Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ искажа пофални зборови за неговиот денешен ривал на Ролан Гарос, Роџер Федерер.

– Средбата во второто коло ќе биде различна од четвртфиналето или полуфиналето на Грен слемот. Очекував да играм во првото или второто коло против носителот. Ќе биде предизвик за мене, и секако за Роџер, нема да биде лесно. Моите комплименти до Роџер за неговата мотивација и вештина во изминатите неколку години. Кога ќе го видите на теренот, како се движи, како ја удира топката, не би му дале 40 години. Без оглед на возраста, Роџер знае што да прави, изјави Чилиќ.

Федерер е осми носител на Грен слемот во Париз, додека Чилиќ е рангиран на 47. место

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.