Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пресврт го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 3-1 во сетови, односно 3-6, 6-3, 7-6 и 6-2 и така избори пласман во финале на Ролан Гарос.

Шпанецот тргна многу добро и водеше со убедливи 5-0, но Ѓоковиќ врати еден брејк и сервираше сигурно со што намали на 3-5, но Надал го доби првиот сет со 6-3.

Во вториот сет Ѓоковиќ направи брејк за 2-0, по што Надал врати со иста мера и израмни на 2-2, но Србинот со нов брејк стигна до 6-3.

Ѓоковиќ и Надал во третиот сет водеа голема битка на теренот, по што освојувачот на сетот мораше да се решава во тај-брејк, каде што подобар беше со 7-4.

Во последниот сет Надал прв направи брејк за предност од 1-0, но потоа почнаа проблемите за шпанскиот тенисер откако загуби три гема на свој сервис и Србинот славеше со 6-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.