Грчкиот тенисер Стефанос Циципас уште долго ќе жали за пропуштената шанса да се закити со првиот грен слем трофеј во кариерата.

Тој не го криеше разочарувањето по натпреварот со Ѓоковиќ во финалето, а како пресвртница го нагласи заминувањето на Ѓоковиќ во соблекувалната по завршувањето на вториот сет.

Тој го напушти теренот при 0-2 во сетови. Не знам што правеше таму, но од соблекувалната излезе сосема друг човек. Од самиот почеток на третиот сет играше баш добро, веќе не ми оставаше простор за игра. Физичка надмоќ, движење по теренот, антиципација на ударите… се изгледаше многу подобро од почетокот на мечот. Браво за него, беше баш добар. Мојот ритам почна да исчезнува, искрено не знам што ми се случи, многу би сакал да знам зошто вакви работи ми се повторуваат, рече видно разочаран вториот носител на Ролан Гарос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.