Словенија, земја со околу два милиони жители, неделава беше обоена во жолто, бидејќи оваа боја го симболизира победникот на Тур д’Франс. И, не само тоа. Поранешната  Југословенска држава имаше и втор претставник на подиумот, Примош Роглиќ, кој заврши втор во генералниот пласман.

За време на најголемиот дел од 107. издание на Трката низ Франција, Роглиќ беше рангиран на првото место во генералниот пласман и се очекуваше тој да и донесе историска победа на Словенија.

Сепак, Роглиќ, кој инаку имаше одлично време, го загуби жолтиот дрес на претпоследната етапа, во борбата против штоперицата. Младиот Погачар возеше одличо време на планинските превои што му даде преднот од скоро две минути во однос на неговиот постар сонародник.

Набргу по ова возење, прочуениот американски велосипедиста, Ленс Армостронг напиша:

Ова беше еден од најдобрите настапи во историјата на велосипедизмот. Апсолутно неверојатна победа на Тадеј Погачар.

Навистина, Погачар, на 22-годишна возраст, ја разнесе конкуренцијата, меѓу кои беше и Том Думулан – некогаш светски шампион во борбата против штоперицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.