Вчера во Краљево, Србија се одржа Балканското атлетско првенство за млади младинци.  Ана Божиновска и Сара Османовска ја претставуваа Македонија на Балканското атлетско првенство. Божиновска од АК Центар учествуваше на трката на 400 метри. Во конкуренција на 12 атлетичарки го освои 10 местото, трката ја заврши со време од 1:01.55 минути.

Првото место и припадна на Словенката Каролина Збичајник со време од 55.78 секунди пред Милиќ од Хрватска и Полак од Србија. Сара Османовска од АК 7 Мај се натпреваруваше во скок во далечина. Македонската натпреварувачка оствари скок од 4,64 метри и го освои 15 место. Првото место го освои Бугарката Пламена Миткова со скок од 6,29 метри.

Тие беа предводени од селекторот Кристијан Кајчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.