Финецот Валтери Ботас ќе стартува од пол – позицијата на денешната шната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Португалија, откако возачот на Мерцедес беше најбрз на денешните квалификации.

За Ботас ова е прва пол – позиција сезонава и вкупно 17. во кариерата.

Покрај него во првиот ред на неделната трка ќе му биде клупскиот колега и актуелен светски првак, Британецот Луис Хамилтон, кој ќе мора да почека нова шанса за јубилејна 100. пол – позиција во кариерата.

Од вториот ред ќе стартуваат возачите на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен и Мексиканецот Серхио Перез.

Во генералниот пласман, Хамилтон води по двете воведни трки со бод повеќе од Верстапен.

Трката за ГН на Португалија започнува утре од 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.