Денеска атлетичарот Дарио Ивановски освои злато. Тој е нов Балкански првак на 3000 метри, тој запиша голем успех на првенството во Турција.

На трката на 3.000 метри, Ивановски кој има 23-годишниот, освои златен медал, победничкото време 8:03.95 минути.

Борко Ристовски со објава на социјалните мрежи не испушти да му го честита резултатот на Ивановски, не заборави и да го „пецне“ директорот на АМС, Наумче Мојсовски, му порача:

„Продолжете да ги понижувате вистинските спортисти“ – напиша Ристовски.

АМС направи грешка при доделувањето на ваучерите, па се исправи и му додели на Ивановски средства преку ваучер системот, сега Ристовски ги потсети на понижувањето со кое со соочи новиот Балкански шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.