Поранешниот германски тенисер Борис Бекер се појави на суд во Лондон, обвинет е дека не ги предал двата трофеја од Вимблдон, кои требал да ги продаде.

Борис Бекер се изјасни за невин по сите обвиненија.

Бекер, кој банкротираше во 2017 година, не ги предал ниту двата трофеи од Австралија опен, според новото обвинение од 28 точки, во кое се тврди дека не ја испочитувал наредбата за откривање на информации, тој наводно криел имот и 1,3 милиони долари банкарски сметки.

Бекер требаше да предаде трофеи од Вимблдон од 1985 година, кога како 17-годишник стана најмладиот освојувач на трофеј во сингл на грен слемот во Лондон, како и од 1989 година.

Тој исто така го освои Вимблдон во 1986 година. Тој го освои Австралија опен во 1991 и 1996 година. Бекер живее во Лондон и беше известен дека судењето ќе започне во септември следната година.

Тој е решен да се соочи и да ги оспори сите обвинувања и да го врати својот углед, рече адвокатот на Бекер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.