Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ триумфално се врати на теренот, па по едномесечната пауза уште од Ју-Ес“ опен (повреда на рамото), на импресивен начин, дојде до титула на турнирот во Токио совладувајќи го Австралиецот Џон Милман со само пет загубени гемови (6-3, 6-2).

Популарниот Ноле силно го почна мечот, па веќе од втор обид направи „брејк“ за убедливи 4-1, кои потоа искусно ги претвори во 6-3 за освојување на првиот сет. Во вториот тој беше поимпресивен бидејќи со два „брејка“ дојде до 4-0, што веќе беше знак за крај на сите надежи за противникот.

Ѓоковиќ до трофејот во јапонската престолнина дојде без загубен сет, откако со 2-0 ги преслуша и сите претходни ривали – Попирин, Соеда, Пулие и Гофин. Триумфот во Токио му донесе заработка од 391.430 долари и 500 бодови на АТП-листата, на која утре ќе ја почне 272. недела како најдобар во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.