Конор Мекгрегор никогаш не би станал голем шампион ако покрај себе ја немал пожртвуваната сопруга Ди Девлин која верувала во него и му помогнала да ги преброди најтешките моменти во животот.

Од обичен водоинсталатер создала голема ѕвезда.

Живееле во Ирска, 30 километри од Даблин во изнајмен стан кој го плаќале од парите за невработени кои им ги давала државата. Тој немал работа бидејќи целото свое време го поминувал во теретана. Таа тотално се посветила на тоа. Младиот пар со години живеел во немаштина и се било подредено на трензинзите на Мекгрегор.

Славниот Ирец со години истакнувал дека сопругата му помогнала да биде тоа што е. Така создаде слика на посветен татко и сопруг. Меѓутоа аферата во која се најде се заканува да ја уништи таа слика.

Имено извесна Тери Муреј неодамна изјави дека Конор е татко на нејзината ќерка. Таа тврди дека со прославениот спортист била во 2017 година после коњските трки Гранд Национал, кога  минале ноќ во хотелска соба. Тогаш наводно останала бремена.

Оваа самохрана мајка инсиситра Мекгрегор да направи ДНК тест, како би се утврдило татковството. Таа тврди дека не сакала да излегува во јавност, но дека ирецот не и оставил друг избор.

Таа објавила и неколку заеднички фотографии со Мекгрегор, кои ја потврдуваат нивната блискост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.