Трките од Светското првенство во Формула 1 во Каталонија ќе останат во календарот се до 2026 година, откако раководните луѓе на натпреварувањето го продолжија договорот со патеката „Сиркуит де Барселона – Каталуња“.

Продолжувањето на договорот вклучува подобрување на условите на патеката и придружните објекти пред следната трка на оваа патека закажана за 22 мај идната година.

Екипите и возачите се среќни секој пат кога доаѓаат во Барселона – изјави генералниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Патеката во Барселона, со капацитет да прими 131.000 гледачи, е дел од трките во Формула 1 од 1991 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.