Компанијата „Спортс менаџмент“ покрена иницијатива да му се дозволи на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да влезе во САД, иако не е вакциниран против коронавирусот, а сега одговор добија од Белата куќа.

Во случајот на Ноле се вклучи целата српска дијаспора, а претседателот Џо Бајден е под голем притисок. Од него се бара да ја користи Претседателската прокламација 10294, која остава прозорец протоколите за Ковид да не се почитуваат целосно, доколку се работи за заштита на американскиот „посебен интерес“.

Го продолжуваме најважниот разговор и консултации со републиканската конгресменка Клаудија Тени и нејзиниот тим, кои се погрижија многу да стапат во контакт со претседателот Бајден и да предложат можна процедура во Конгресот. Во тоа помага член на нашата организација САВА, адвокатот Борко Комненовиќ кој ги надгледува можните правни параметри.. Би било значајно да има договор од двете страни за ова прашање – вели др. Олга Раваси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.