Агенцијата за млади и спорт одговори на јавното обраќање на македонскиот натпреварувач во автомобилски трки и европски шампион на ридски патеки Игор Стефановски Иџе.

Игор Стефановски Иџе континуирано бил подржуван спортист, за што го води и фактот дека, од Буџетот на Република Македонија во  2018 година, на овој спортист доделна му е сума од 8,5 милиони денари, од вкупната сума од 20 милиони денари, наменети за Автомобилистичка федерацијаНа спортистот Игор Стефановски Иџе од 2018 година му се исплаќа паричен надоместок за стекнатата категорија, Спортист од Светска категорија, во висина од 49 илјади денари месечно, или две просечни плати, и ова право ќе го остварува во период од 4 години, се разбира доколку се натпреварува во наредниот период до 2022 година. Во  2019 година  на Игор Стефановски Иџе, доделен му е ваучер во износ од 500.000, денари, како и на неколку европски шампиони во одредени спортови. Во 2018 година Игор Стефановски Иџе настапуваше во Шампионатот на ТЦЦР и оствари пласман согласно неговите можности, а во 2019 година не настапувал во овој систем на натпревари. Сакаме да ја информираме спортската и пошироката јавност дека Агенцијата за млади и спорт со посебно внимание ги следи и поддржува активностите во автомобилистичкиот спорт, во кој поради низа причини 9 години немаше реализирано активности и благодарејќи на активностите на Агенцијата за млади и спорт, во последните две години повторно се организирани национални натпревари во автомобилизам, пишува во дописот од АМС испратен до медиумите.

Оттука, реакцијата на Иџе, смета АМС, е неоснована и му штети на спортот и на оние кои вистински се залагаат за негов развој во нашата држава. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.