Американската машка штафета на 4х100 метри не успеа да се пласира во финалната трка на Олимписките игри, откако заврши дури како шеста во својата полуфинална група.

Иако во штафетата трчаа двајца финалисти од поединчената трка на 100 метри, Фред Кирли и Рони Бејкер, тркачот со најдобро време сезонава, Трејвон Бромел, и Крејвон Гиласпи, кој беше дел од штафетата што ја освои светската титула во 2019 година, Американците ја завршија трката со време од 38.10.

Пласман во финалето обезбедија петте првопласирани од оваа група, три според пласманот и две според најдобро време. Во трката победи Кина со време 37.92. Втори беа Канаѓаните со идентично време (37.92), по што следуваа Италија (37.95), Германија (38.06) и Гана (38.08).

Јамајка беше прва во другата група со најбрзо време од 37.82, пред Велика Британија (38.02) и Јапонија (38.16).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.