Александар Зверев славеше во големото финале над големиот ривал Данил Медведев по сетови 6-4, 6-4 и го освои Завршниот Мастерс во Торино.

Иако предвидувањата беа дека финалето ќе донесе супер-неизвесен дуел, олимпискиот шампион одигра маестрално и без проблеми го доби мечот со рускиот тенисер.

Клучниот момент во првиот сет се случи во третиот гем, во кој Германецот ја искористи втората брејк топка и поведе со 2-1. Во продолжение не ја испушти предноста и со сигурна игра на свој сервис се избори за водство од 1-0 во сетови.

Ништо не се промени ниту во продолжението од натпреварот, затоа што брејкот во првиот гем беше доволен за Зверев да ја осигура победата.

Колку беше доминантен на својот сервис говори и фактот што не дозволи ниту една брејк топка на ривалот.

На тој начин Зверев по вторпат во кариерата го подигна трофејот од овој Мастерс, по триумфот во 2018 година во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.